Здравје - Убавина - Сјај - Дом
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ЗАШТИТЕТЕ СЕ ОД СВИНСКИОТ ГРИП(ВИРУС)

Go down

ЗАШТИТЕТЕ СЕ ОД СВИНСКИОТ ГРИП(ВИРУС) Empty ЗАШТИТЕТЕ СЕ ОД СВИНСКИОТ ГРИП(ВИРУС)

Пишување by bube Вто Апр 28, 2009 11:43 pm

Здравје без антибиотици
Зошто „Здравје без антибиотици”?
д-р Петар Најденов
Холистичкиот систем на лекување “Здравје без антибиотици” настана од 10-годишно лекарско искуство со многу деца и возрасни, чиешто здравје се одржува со суперхраните на АкваСорс. Според ова стручно искуство, се надеваме дека со помош на овај систем ќе им го привлечеме вниманието пред се’ на сите мајки, кои сакаат нивните деца да не користат антибиотици, на луѓето коишто често боледуваат, на лекарите (особено педијатрите), хомеопатите и другите холистични лекари кои бараат систем како да се дејствува профилактички и како да се одржи здравјето.
Според нас, таквиот систем треба да вклучува клеточно хранење, активирање на сопствениот имунитет, зајакнување на организмот со готови антитела и растежни фактори, закрепнување на слузокожата и обезбедување на пробиотици; пред се’, потребно е овој систем да не штети, да нема споредни дејства, да е едноставен и универзален.
Работам како педијатар од 1985 г., а како хомеопат – од 1995 г. Имам три деца, коишто ги одгледав практично без антибиотици. Убеден сум, дека антибиотиците се штетни за здравјето на децата и треба да се избегнуваат. Мојот однос кон тој проблем произлегува од моето долгогодишно искуство како холистичен лекар и, истовремено, од мојата лична историја.
Од мајка ми дознав, дека на 12-месечна возраст сум бил болен од црна кашлица. Здравјето ми се влошило до таа мера, што за неколку месеци сум престанал да говорам и да одам. Имунитетот ми се влошил, сум добивал антибиотици се’ до 10-15 годишна возраст. Помнам дека доста боледував од настинки, забите ми се оштетија, добив хепатит, ме оперираа од апендицит, а на крај се разболев од псоријаза. Никој од моето семејство не носи очила, освен мене. И татко ми и брат ми се повисоки од мене... Воопшто, здравјето многу ми се наруши, а оттука и квалитетот на мојот живот.
Можеби затоа решив да станам лекар и да лекувам деца. Но постепено разбрав дека класичната медицина не може да им помогне на децата да растат здрави и ако не се најде некаква алтернатива, којашто е подобра за децата, многу од нив може да настрадаат како и јас своевремено и да не ги достигнат генетските добри особини.
Тоа ме принуди да се ориентирам кон нешто поедноставно. Нешто, што не бара медицински познавања, нешто што секоја мајка може да му го даде на своето дете, без да се плаши дека може да му наштети. Така стасав до идејата за правилно хранење и продуктите на АкваСорс. Се концентрирав на т.н. суперхрани, коишто се квалитетни, лесно усвоиви, едноставни за употреба и најкорисни за здравјето.
Јас не сум апсолутен противник на антибиотиците, зашто тие се големо откритие на медицината и во некои случаи можат да го спасат животот. Но многу често нивната употреба не е оправдана. Повеќето јаки инфекции од кои боледуваме (особено во текот на зимата), се предизвикуваат од вируси, а за нивно отстранување антибиотиците се немоќни.
Антибиотиците ги даваме профилактично, што не е правилно. Навистина вирусите ја оштетуваат слузокожата и создаваат погодна почва за создавање на штетни бактерии. Но исто така е јасно дека во повеќето случаи антибиотиците не се неопходни, му пречат на организмот и треба да се избегнуваат. Поисправно е за истите пари наместо антибиотици да се даваат суперхрани, коишто го закрепнуваат имунитетот и немаат штетни дејства.
Ако се примаат премногу често, антибиотиците можат да доведат до многу и различни проблеми со здравјето. Можат да го оштетат нервниот систем (на пр. да предизвикаат глувост), уринарниот систем (бубрежна дисфункционалност), црниот дроб (најразлични проблеми), стомачно-цревниот тракт (дисбактериоза, кандидоза), имунитетниот систем (намален имунитет, алергии), крвоносниот систем (анемија)...

Во детската возраст антибиотиците се најнепожелни и треба да се избегнуваат, затоа што пречат на растот и правилното развивање на организмот. Децата коишто често примаат антибиотици, не можат да го достигнат генетскиот потенцијал. Детскиот организам се интоксицира и квалитетот на нивниот живот се влошува.

Имунитетниот систем има потреба од добра кондиција и потхранување за да функционира подобро. Ако се создадат поволни услови, организмот може сам да се справи со инфекциите и по секое успешно поминато заболување станува се’ поздрав.

За да го зајакнеме имунитетот, треба:
1. Да знаеме што е нужно да направиме;
2. Да го направиме тоа, што е нужно!

Без антибиотици – но како?

Неопходни се неколку услови, за да можеме да се справиме со повеќето инфекции:

Активирање на имунитетниот систем: кога се заразуваме со вируси, тие ни’ ги напаѓаат клетките и ако не произведуваме доволно антитела, нема да можеме да ги уништиме. Работата на имунитетниот систем можеме да ја подобриме со микроалгите.

Готов имунитет: колострумот од крави е извор на готови антитела против 20 најчести микроби-предизвикувачи на болести; покрај тоа, колострумот содржи и растежни фактори, коишто ги регенерираат ткивата. Тој ни’ помага да се избориме со повеќето инфекции.

Здрави бариери пред микробите: слузокожата на дишниот, хранопроводниот и уринарниот систем има потреба од ЕМК (есенцијални масни киселини), за да се обнови брзо и да не’ заштити од микробите.

Пробиотици: претставуваат полезни бактерии кои ни’ ја заштитуваат слузокожата од штетните микроби. Ако пробиотиците се оштетат (на пример од антибиотици и други лекарства), стануваме поподложни на инфекции. Затоа треба да ги примаме периодично.

Заштитете се себеси и своите деца!

Здравјето на Вашето семејство зависи од Вас! Ако сакате, можете да најдете повеќе информации на www.anhira.com и www.aquasource.net.mk (Аква Сорс МВ Д.О.О. е-маил: contact@aquasource.net.mk).
Ова не е реклама ова е информација која алармира во време во кое треба да се заштитиме себеси и нашите деца. ВИРУСИТЕ И ПРОБЛЕМИТЕ ЌЕ СЕ ПОЈАВАТ ВО ОРГАНИЗАМОТ ПОРАДИ СЛАБИОТ ИМУНИТЕТ.

bube

Број на мислења : 30
Местолокација : Скопје
Job/hobbies : Супер храни
Registration date : 2009-04-21

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот