Здравје - Убавина - Сјај - Дом
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Ментална реорганизација

Go down

Ментална реорганизација Empty Ментална реорганизација

Пишување by angelovska elena Вто Дек 06, 2011 2:13 pm

Да се грижиме за менталното здравје е исто како да се грижиме за сите наши телесни органи одеднаш во исто време.Некои воопшто нема да ја препознаат поврзаноста,но на некој веднаш ќе му стане јасно за што станува збор.Ни самите не сме свесни за тоа колку е моќен нашиот психички систем и нашата потсвест,не залудно,истиот и сите негови состојби се најизучувани се до денешен ден, каде и сеуште не се откриени некои причинско-последователни врски,но тргнувајќи од моментот дека самите ние со една единствена, но доволно силна помисла можеме да си го покачиме телесниот притисок,телесната температура,тогаш можеме само да претпоставиме за што се друго е способен нашиот мозочен систем и колку неописливо голема е неговата моќ.Потсвесно од најрани години зависно се разбира,ние го тренираме мозокот да размислува во некоја насока,па оттука и некои луѓе се оптимисти,некои се песимисти,некои се меланхолични,итн.Во оние рани години можеби и не сме свесни во која насока ги насочуваме мислите,сеуште свеста и процесот на размислување не се доведени до потребното и оптимално ниво,но подоцна кога веќе сме оформени како личности,ако барем малку пробаме да се самоанализираме и си посветиме време на себе си,воопшто нема да ни биде тешко да сфатиме како сме се истренирале до тој момент да размислуваме,бидејќи верувам дека секој кога ќе се најде во некоја незавидна положба,се запрашува ,,каде згрешив,,и ,,што да правам понатаму,, ? Во тој момент кога се соочуваме со некој проблем,внатрешен немир и сл. константно и упорно бараме решенија ,несвесни дека решението е во нас. Повеќето од нас со право би се запрашале како да го изведам целиот овој процес на реорганизација кога не е лесно ни сопствениот плакар да го реорганизирам,а камоли насоката на нашите мисли,но за секој вложен максимален труд, инвестицијата е прилично исплатлива,а поисплатлива инвестиција од онаа во самите нас не постои.Со реорганизација на нашите мисли во позитивна насока се доведуваме на состојба на преродба,каде последично ги менуваме и случувањата и доживувањата на идните настани.Секако, кога веќе еднаш ќе ја направиме таа реорганизација ,тоа незначи дека новиот начин на размислување е решен и трае еднаш и засекогаш,одвреме навреме, секако дека треба, да се потсетиме ,да се запрашаме, до кај сме ,што сме направиле,што повторно да смениме,за да дојдеме до пред се, субјективен ,а и објективен аспект на квалитетен начин на живот,при што, кога веќе еднаш ќе сфатиме дека константната грижа и одржувањето на нашето ментално здравје е приоритет број 1 во нашиот живот,загарантирано постепено работите ќе почнат да се подобруваат како на физички ,така и на психички план,а и целиот животен систем ќе добие еден поинаков и подобар тек,за разлика од оној претходниот, од кој не бевме задоволни и не натера да ја направиме реорганизацијата. Како понатаму ќе созреваме така самите по себе ќе го менуваме начинот на размислување нормално,но тоа е различно од концептот на организација на мислите,кој е еден и единствен и за кој е потребно малку време од нашите скапоцени животи и силна желба произлезена од неисцрпниот извор на душевна енергија која ја поседуваме, но секогаш вреди да се проба,бидејќи по некоја досегашна логика она што ни е најтешко да го промениме,секогаш носи најдобри резултати на долгорочен план.
angelovska elena
angelovska elena

Female Број на мислења : 15
Местолокација : Skopje,R.Macedonia
Registration date : 2011-04-04

http://www.umarmen,mk

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот