Здравје - Убавина - Сјај - Дом
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Пикногенол

Go down

Пикногенол Empty Пикногенол

Пишување by bube Пет Апр 24, 2009 10:50 am

Пикногенол
Од сите познати извори на пикногенол се смета дека е најдобар оној што произлегува од кората на крајбрежен бор (Пинус Маритимус или Пинус Пинастер) кој успева во Јужна Франција: содржи повеќе од 40 разновидни биоактивни состојки, претежно биофлавоноиди и проантоцианиди.
Истражувањата кои се изведуваат цели 400 години, покажуваат дека пикногенолот има извонредно благотворно дејство врз здравјето на човекот. Се користи во цела Европа и познат е како „храна на младоста” поради способноста да ги зајакне колагенот и еластинот - основните состојки на кожата, зглобовите и крвните садови; веќе се препорачува и од многу современи лекари во САД и Канада.
- Како антиоксидант е 20 пати поефикасен од витаминот С и 50 пати од витаминот Е.
- Флавоноидите во пикногенолот ја поттикнуваат активноста на ензимите и обезбедуваат позитивен ефект. Покрај заштитата на здравјето, флавоноидите можат да бидат корисни и при лекување на рак во понапредна фаза.
Пикногенолот е исклучително важен за мозочните функции: го подобрува памтењето, бидејќи поволно влијае врз циркулацијата на крвта и хранењето на сите телесни клетки (особено мозочните).
Оваа специфична комбинација на состојки може да помогне да се продолжи животот и да му се обезбеди квалитет (здравје, младешки изглед).
Значи, пикногенолот:
 Ја намалува опасноста од малигни оболувања, коронарни болести, артритис, прерана старост
 Ја подмладува и ја зацврстува кожата, воедно правејќи ја мазна и мека
 Го намалува интензитетот на алергијата (особено на полен), псоријазата и други кожни заболувања
 Позитивно влијае на крвотокот (делува против воспаленија, ги зајакнува капиларите, вените и артериите, ги прави поотпорни на трауми)
 Ја олеснува состојбата кај варикозните вени, отечените нозе, поточно кај хроничната венска инсуфициенција
 Има благотворно дејство на зглобовите (ги намалува болките кај отечените зглобови и ги ублажува последиците од спортски трауми)
 Заштитува и помага заздравување од инфаркти и мозочни удари
 Помага при лекување на чир на желудник
 Ја зајакнува виталноста на сите клетки, ги намалува последиците од стрес, го зајакнува имунитетот
 Ги подобрува видот и памтењето
 Ги намалува компликациите предизвикани од шеќерна болест
 Ја олеснува состојбата при алергија на полен, астма, кај хроничен замор и др.
 Го заштитува организмот од предвремено стареење, дегенерација и канцерогени аномалии

Алергии, хистамин и пикногенол
Голем број лекари и истражувачи од Финска, Германија, Франција, Холандија и Англија го препорачуваат пикногенолот кај алергијата на полен, бидејќи е најделотворен, со најмалку нуспојави. Алергијата е поврзана со одделување на хистаминот од клетките. Пикногенолот, како и некои други флавоноиди, го спречуваат ослободувањето на хистаминот, што претставува подобар пристап при лекување на алергија, отколку употребата на антихистаминските препарати.

(Според научните сознанија и личното искство на Д-р П. Најденов: Зелените зраци на светлината)

bube

Број на мислења : 30
Местолокација : Скопје
Job/hobbies : Супер храни
Registration date : 2009-04-21

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот