Здравје - Убавина - Сјај - Дом
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Здравјето и психичките фактори

Go down

Здравјето и психичките фактори Empty Здравјето и психичките фактори

Пишување by Admin Пон Апр 04, 2011 10:27 am

Многу истражувачи веруваат дека физичкото здравје може да биде под влијание на психологијата преку различни директни и индиректни средства. Постојат некои докази дека одредени ментални состојби негативно (како што се депресија и анксиозност) директно можат да влијаат врз физичкиот имунитет преку производството на хормоните на стресот, како што се катехоламините и глукокортикоидите. Иако ова истражување широко се дебатира, постојат исто така и некои индикации дека негативните психички состојби можат да доведат до побрза прогресија на болеста во одредени болести (како што се ХИВ и срцеви заболувања) во текот на овие директни биолошки механизми. Негативните емоционални состојби може, исто така, индиректно да влијаат на болеста бидејќи тоа се процеси кои преку нивното влијание се одразуваат на здравјето на луѓето. На пример, депресијата е поврзана со многу фактори на ризик за слабо здравје вклучувајќи и прејадување, пушење, физичка неактивност,несоница итн. Низа на истражувачи сакаат да ги идентификуваат причините на однесување и искуства преку кои се промовира здравјето, да доведе до болест влијае на ефикасноста на здравствената заштита, и препорача подобрувања на здравствената политика во нивната светлина. Постојат многу примери за тоа. Пушењето, исхраната како и нередовното вежбање сите придонесуваат за формирање на болеста. Постојат некои ситни асоцијации меѓу болеста и индивидуалните карактеристики на личноста. На пример, се тврди дека лицата кои се зависни од возбуда и адреналин би барале начин како да го овозможат тоа чувство ,да речеме доколку возат автомобил,тоа би го правеле со голема брзина , што ги прави поголеми шансите да се повредат во сообраќајни несреќи.Друг пример е дека луѓето кои заради свои психички уверувања ,како на пример недоверба кон докторите не би се појавиле на доктор дури и да имаат некој специфичен здравствен проблем.Сепак покрај психолошките постојат и низа контекстуални фактори во форма на политички, економски, културни, социјални фактори , кои имаат исто така големо влијание врз здравјето на луѓето. Има премногу прашања за тоа како болеста влијае на нашата ментална благосостојба. Кога некоја болест или незгода ќе му се случи на еден човек, целиот негов живот е засегнат. Психички здравата индивидуа која се здобива со некоја тешка повреда на пример, од тој момент натаму ќе мора да се соочи со низа практични проблеми кои секако дека ќе влијаат на неговата психолошка благосостојба,како на пример, кој ќе се грижи за неа, додека таа не закрепне ?Ако таа личност е оневозможена да работи,како ќе ја обезбеди својата егзистенција или ако ова лице се гледа како самобитна,независна личност како да се справи со овој нов идентитет? Сите овие можности може да влијаат на односите на една личност, самопочитувањето, ниво на стрес, среќа и систем на верување. Многу од овие проблеми изгледаат дека се повеќе поврзани со економската и социјалната природа,но покрај тоа тие имаат директно и огромно влијание врз психолошката благосостојба така што може да се заклучи дека постои обострана поврзаност помеѓу физичкото и психичкото здравје,физички здрава личност може да си го загрози своето здравје заради нестабилната психичка структура,но од друга страна и психички стабилна линост заради низа на околности може да биде физички загрозена заради низа други фактори,се на се,кога подетално ќе се навлезе во целата симптоматологија и анализа на овој проблем на површина ќе излезе она што е најважно а тоа е континуирана грижа како за физичкото така и психичкото здравје бидејќи тие се под постојано влијание едни на други, но бараат и постојана грижа,внимание и надградба на самите себе.
Текстот е на Ангеловска Елена дипл. психолог
Admin
Admin
Admin

Female Број на мислења : 72
Местолокација : Makedonija
Job/hobbies : konsultant za zdravje i ubavina
Registration date : 2008-01-26

http://zdravje-ubavina.mysite.com

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот