Здравје - Убавина - Сјај - Дом
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Несвесното како најзначаен и најистражуван дел од човековата психа

Go down

Несвесното како најзначаен и најистражуван дел од човековата психа Empty Несвесното како најзначаен и најистражуван дел од човековата психа

Пишување by angelovska elena Пон Мај 16, 2011 3:51 pm

Човекот како единка знае премногу малку за самиот себе,а многу од она што го знае е неточно,тој всушност не се ни познава,но сето тоа е и оправдано бидејќи само дел од неговата душа функционира на свесно ниво.Свеста претставува само една десетина од психата,останатите девет десетини од душата се несвесни,така што несвесниот дел од човековата психа е оној кој е многу поважен и кој е водечки.Човекот не е разумно,рационално суштество,напротив тој е ирационално суштество,неговиот разум им служи на ирационалните страсти и со нив поврзани стравови и фантазии,со неговиот разум управуваат нагоните пред се,особено сексуалниот.Луѓето веруваат дека се слободни суштества,кои слободно избираат и одлучуваат,барем така сакаме да веруваме,иако сето тоа е илузија,степенот на нашата слобода е прилично низок,луѓето не се слободни,со нив владеат несвесните и за нив непознатите сили сместени во длабочината на нивната психа.Човековата психа не е постојана,статична,нејзината состојба се менува,а состојбите се одликуваат со високо ниво на енергичност.Во личноста непрекинато и кога спие се одвиваат бурни процеси,при што голем дел од нив се противречни.Најважните компоненти кои ја сочинуваат личноста меѓусебно се спротиставени така што човековата личност е деноноќно подложна на внатрешни конфликти,со другите луѓе,и на повисоко и пошироко ниво најважно, конфликти со реалноста.Не постои јасна граница помеѓу здравјето и болеста,нормалното и ненормалното,секоја особа колку што е нормална толку е и ,,ненормална,,разликата ја прави само една работа,степенот и застапеноста,малку,прилично или многу.Човекот како човек функционира по принцип на задоволство.Имено,особата тежнее да функционира на начини кои го доведуваат до задоволство,а одбегнува начини кои се проследени со незадоволство,а задоволството се чувствува кога психичката енергија се троши слободно,кога ослободувањето на енергијата не е ниту попречено,ниту блокирано.Несвесниот дел кај човекот ,оној најголемиот дел,се разликува од свесното и претсвесното,при што содржините на несвесното не се прифатливи за свеста на особата како и за другите луѓе.Живеењето на особата е во голема мера условена и скоро наполно одредена од несвесното,при што ова одредување делумно е посредно,живеењето е условено од свеста,но таа е одредена од несвесното.Во делот на несвесното спаѓа и човековото таканаречено ,,супер его,, кое е сочинето од два дела ,совест и его -идеал,односно составено е од претстави за родителите,стандарди,барања,забрани и морални норми.Овој дел од личноста бара од останатите делови да му се потчинат односно тежнее да ги ограничи.Доколку барањата,нормите и забраните не се почитуваат тогаш личноста се доживува како безвредна ,виновна и во неа постои тенденција за себеказнување,себеповредување и себеизмачување.Несвесноста како дел, воедно и најважен на човековата психа,а воедно и основа на голем дел од психичките проблеми е сеуште истражувана,но прилично тешко се доаѓа до сознанија за неа бидејќи таа не е материјал што може да се допре,да се види,почувствува,таа едноставно постои,така што секое сознание за несвесното е чекор напред кон решавањето на најголемата мистерија воопшто,што се случува во секој од нас,во нашето размислување,нашето функционирање и опстојување, 24 часа во денот ,секој ден од нашиот живот.
angelovska elena
angelovska elena

Female Број на мислења : 15
Местолокација : Skopje,R.Macedonia
Registration date : 2011-04-04

http://www.umarmen,mk

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот