Здравје - Убавина - Сјај - Дом
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Здравjе без антибиотици

Go down

Здравjе без антибиотици Empty Здравjе без антибиотици

Пишување by bube Вто Јун 26, 2012 3:40 pm

Зошто "Здравjе без антибиотици"?
Напишано од Д-р Петар Наjденов
Вторник, 15 Март 2011 23:20
д-р Петар Најденов study

Холистичкиот систем на лекувањеЗдравjе без антибиотици” настана од 10-годишно лекарско искуство со многу деца и возрасни, чиешто здравје се одржува со суперхраните на АкваСорс. Според ова стручно искуство, се надеваме дека со помош на овај систем ќе им го привлечеме вниманието пред се на сите мајки, кои сакаат нивните деца да не користат антибиотици, на луѓето коишто често боледуваат, на лекарите (особено педијатрите), хомеопатите и другите холистични лекари кои бараат систем како да се дејствува профилактички и како да се одржи здравјето.

Според нас, таквиот систем треба да вклучува клеточно хранење, активирање на сопствениот имунитет, зајакнување на организмот со готови антитела и растежни фактори, закрепнување на слузокожата и обезбедување на пробиотици; пред се, потребно е овој систем да не штети, да нема споредни дејства, да е едноставен и универзален.

Работам како педијатар(детски лекар) од 1985 г., а како хомеопат – од 1995 г. Имам три деца, коишто ги одгледав практично без антибиотици. Убеден сум, дека антибиотиците се штетни за здравјето на децата и треба да се избегнуваат. Мојот однос кон тој проблем произлегува од моето долгогодишно искуство како холистичен лекар и, истовремено, од мојата лична историја.

Од мајка ми дознав, дека на 12-месечна возраст сум бил болен од црна кашлица. Здравјето ми се влошило до таа мера, што за неколку месеци сум престанал да говорам и да одам. Имунитетот ми се влошил, сум добивал антибиотици се до 10-15 годишна возраст. Помнам дека доста боледував од настинки, забите ми се оштетија, добив хепатит, ме оперираа од апендицит, а на крај се разболев од псоријаза. Никој од моето семејство не носи очила, освен мене. И татко ми и брат ми се повисоки од мене... Воопшто, здравјето многу ми се наруши, а оттука и квалитетот на мојот живот.

Можеби затоа решив да станам лекар и да лекувам деца. Но постепено разбрав дека класичната медицина не може да им помогне на децата да растат здрави и ако не се најде некаква алтернатива, којашто е подобра за децата, многу од нив може да настрадаат како и јас своевремено и да не ги достигнат генетските добри особини. Кога ги организирав првите курсеви по хомеопатија во Бугарија, јас се обидов да ја пронајдам, имено, таа алтернатива.

Хомеопатијата е прекрасна медицина, но за жал поврзана е со два проблема: прво, многу е сложена и бара огромна прецизност и затоа е тешко да се применува масовно; второ, нужно е пациентот да има доволно животна сила, којашто би реагирала на лечењето. А животната сила се оштетува од неправилниот начин на живот и хранење.

Тие два проблема ме принудија да се ориентирам кон нешто поедноставно. Нешто, што не бара медицински познавања, нешто што секоја мајка може да му го даде на своето дете, без да се плаши дека може да му наштети. Така стасав до идејата за правилно хранење и продуктите на АкваСорс. Се концентрирав на т.н. суперхрани, коишто се квалитетни, лесно усвоиви, едноставни за употреба и најкорисни за здравјето.

Јас не сум апсолутен противник на антибиотиците. Има заболувања, кадешто не може без нив. Понекогаш тие го спасуваат животот. Но факт е, дека повеќето јаки инфекции, од коишто боледуваме во текот на зимата, се вирусни, а против нив антибиотиците не помагаат. Антибиотиците ги даваме профилактично, што не е правилно. Навистина вирусите ја оштетуваат слузокожата и создаваат погодна почва за создавање на штетни бактерии. Но исто така е јасно дека во повеќето случаи антибиотиците не се неопходни, му пречат на организмот и треба да се избегнуваат. Поисправно е за истите пари наместо антибиотици да се даваат суперхрани, коишто го закрепнуваат имунитетот и немаат штетни дејства.

bube

Број на мислења : 30
Местолокација : Скопје
Job/hobbies : Супер храни
Registration date : 2009-04-21

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот