Здравје - Убавина - Сјај - Дом
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Ѓумбир и др.

Go down

Ѓумбир и др. Empty Ѓумбир и др.

Пишување by bube Пет Јан 08, 2010 8:32 am

Ѓумбир се ослободува од отровите
Коренот содржи етерични масла и лути состојки (гингерол), кои го смируваат нервниот систем, го поттикнуваат лачењето на плунка, желудечните сокови и жолчката. Со тоа мастите побрзо согоруваат. Оваа состојка ја поттикнуваат и работата на цревата и исфрлањето на штетните состојки од организмот. Ренданиот корен се додава во сосови, салати, ориз и месо.

Мајоран и ориганото согоруваат масти
Листовите од овие растенија содржат етерично масло тимол, горчливи состојки и танин кои ја поттикнуваат работата на жолчката и црниот дроб. Исто така ја стимулираат работата на бубрезите и исфрлањето на течностите од организмот. Тие се одличен додаток за тешките јадења како грав и свинско месо.

Ким го подобрува варењето
Маслото од семето (карвон) го поттикнува лачењето на желудечни сокови, делува смирувачки и помага при гасови во стомакот. За надуен стомак пијте три филџани чај од ким (2 лажички ким прелијте со 250 мл вода). Кимот одлично оди како додаток на месо и зелка.

Црн бибер за побрз метаболизам
Малсата лутите состојки и и танинот се ефикасни во борбата против бактериите и вирусите, а ја поттикнуваат и работата на бубрезите но ја активираат и работата на желудникот и цревата. Секој ден изпијте една чаша топло млеко со мед и малку бибер.

Кората од лимон го блокира претворањето на шеќери во масти
Една студија покажала дека состојката која ја има во кората од лимот (хидрокисицитрична киселина ХЦА) го спречува претворањето на вишокот јаглехидрати во масти. на тој начин се намалува количината на нови масни клетки за 79%. Наједноставно е да исечете лимон со кората и да го конзумирате во текот на денот, под услов да не е прскан.

Сенфот согорува масти
Гликозидите во маслото од сенфот ја поттикнуваат циркулацијата и работата на жилчката која е надлежна за согорување на мастите. Се користи при подготовка на сите видови месо.

Цимет против напади на глад
Кората од цимет содржи етерични масла и танине кој помеѓу останатото ја поттикнува цирклулацијата и гоз абрзува метаболизмот. Особено ефикасна е состојката метил-хидрокси калкон полимер, која потсетува на природен инсулин и го спречува пребрзото опаѓање на шеќерот, па чувството на глад се одложува. Најдобро е сомелен цимет да се додаде во утринско кафе, чај, мусли или јогурт, а дневната доза би требало да изнесува 1/4 лажичка.

bube

Број на мислења : 30
Местолокација : Скопје
Job/hobbies : Супер храни
Registration date : 2009-04-21

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот