Здравје - Убавина - Сјај - Дом
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Семејството како фактор за развој на детската личност

Go down

Семејството како фактор за развој на детската личност Empty Семејството како фактор за развој на детската личност

Пишување by angelovska elena Вто Апр 05, 2011 7:14 pm

Многубројните истражувања и сознанија покажуваат дека еден од најзначајните услови за позитивен развиток на децата е социо-емоционалната атмосфера во семејството. Во оние семејства каде што постои љубов, срдечност, меѓусебна човечка комуникација, почитување, заемно помагање, децата се развиваат нормално, со чувство на безбедност, емоционално се постабилни, достоинствени се, но и кооперативни. Малото дете, долго време е беспомошно и затоа чувствува силна потреба за сигурност и љубов. Во овој период детето е многу чувствително суштество и затоа најсилното воспитно средство за него е љубовта. Некои истражувања покажуваат дека децата кои биле лишени од семејна атмосфера и љубов заостанувале во секој поглед од развојот. Тие покажувале слаб физичкиот развој, иако имале добра исхрана и хигиена. Особено слаби резултати биле забележани во нивниот ментален развој, нивниот ментален количник бил многу понизок во спредба со со оние деца кои живееле и се развивале во семејство (Фром, 2006). Повеќето автори се сложуваат со тоа дека родителот за детето во развој претставува модел со кој тоа настојува да се идентификува. Затоа, сметаат тие, многу е значајно како се однесува родителот и какви особини поседува. На пример, многу е значаен односот на родителот кон другите луѓе, меѓусебниот однос на брачните партнери, односот кон обврските и работата, кон основните општествени и етички вредности итн. Децата немајќи достатно искуство, многу често безрезервно се идентификуваат со родителите бидејќи бескрајно им веруваат. Затоа, некои автори забележуваат дека може да има тешки последици во развојот на детето ако до својата десетта година нема и други ,, значајни” личности со кои тоа би се идентификувало.
Воспитанието е битна општествена дејност, функција и појава. Тоа се издвојува како посебен решавачки фактор за развојот на личноста поради две основни причини: 1. тој е најорганизиран и најцеленасочен социјален фактор кој овозможува по најкраток пат да се усвои работното искуство и социјалното наследство на човештвото и претходните генерации; и 2, поради тоа што по својата природа воспитанието претставува непосредно комплексно и според возрастите сообразено организирано општествено влијание за развој на луѓето во повеќе правци. Според тоа, иако воспитанието како свесна и организирана дејност, претпоставува и самодејност, т.е. самовоспитание на индивидуата насочено врз сопствениот развој. Во таа смисла воспитанието претставува одговорност на општеството за развој на своите членови, но претпоставува и лична одговорност и свест за сопствениот развој на секоја индивидуа одделно. Моќта на воспитанието врз развиотокот на личноста доаѓа до израз особено во манифестирањето на некои посложени наследни диспозиции, особено во развојот на интелигенцијата и некои психомоторни способности. Меѓутоа, воспитанието неможе да се изедначува со развитокот на личноста. Имено, прво, врз развојот на личноста дејствуваат и други фактори , а не само воспитанието, и второ, во развојот на личноста ,,не влегува” секое дејство на воспитанието туку само она што активно е преработено.

angelovska elena
angelovska elena

Female Број на мислења : 15
Местолокација : Skopje,R.Macedonia
Registration date : 2011-04-04

http://www.umarmen,mk

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот