Здравје - Убавина - Сјај - Дом
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Љубов, видови на љубов и нејзините теории

Go down

Љубов, видови на љубов и нејзините теории Empty Љубов, видови на љубов и нејзините теории

Пишување by angelovska elena Чет Апр 07, 2011 4:33 pm


Постојат голем број одговори на прашањето “Што претставува љубовта?“. Секој човек неа ја сфаќа во однос на своето искуство. Љубовта не е единствен концепт, таа има различни димензии. Романтичната љубов е најмалку истражуваното поле на човековата психа заради верувањето дека таа ,,едноставно се случува” дека е нешто мистично или магично или пак дека е чувство кое секој различно го доживува, па затоа е невозможно да се направи некаква генерализација. Иако нејзиното доживување е нешто најприродно, па дури понекогаш претставува и животен фокус, не се ниту малку едноставни обидите таа научно да се дефинира, анализира или емпириски да се истражи. Не постои една исцрпна дефиниција за љубовта која ќе ја одрази суштината на нејзината природа и ќе ги опфати сите нејзини аспекти. Една од причините лежи во фактот што психолозите не се согласуваат во тоа дали љубовта е базична емоција, комплексно чувство, форма на социјално однесување или состојба на живеење. Наспроти верувањето дека љубовта е мистична, магична и уникатна, многу теории се обиделе да ја дефинираат и објаснат како и да ги опишат различните видови љубов. Во психологијата, различни автори дале различни дефиниции.
Kreč и Kračfild (1969) љубовта ја сфаќаат како “трајна емоционална диспозиција према другото лице и непосредно доживување на јаки емоции во присуство на другото лице”.

Според Harlow (1958) љубовта е “ чудесна состојба , длабока , нежна и нагрдувачка “.

Фром, (2006) за љубовта вели дека таа не е пред сè, однос кон некоја посебна личност, љубовта е став, ориентација на карактерот што ја определува поврзаноста на една личност со светот како целост, а не со објектот на љубовта. Ако човекот сака само една личност, а е рамнодушен кон сите други, неговата љубов не е љубов, туку симбиотска поврзаност или зголемен егоизам. Меѓутоа, тврдењето дека љубовта е ориентација што се однесува на сите нас, а не на еден човек, не ја подразбира мислата дека не постои разлика меѓу различните видови љубов, што зависи од видот на објектот што се сака. Така, според Фром, постојат неколку типови на љубов од кои најосновиот вид, кој лежи во коренот на сите типови љубов, е братската љубов. Под тој поим подразбираме чувство на одговорност, грижа, почитување, како и познавање на секое друго човечко суштество, желба да се унапреди неговиот живот. Тоа е оној вид на љубов за кој Библијата вели ,,Сакај го ближниот свој како себеси”. Братската љубов е љубов што ги опфаќа сите човечки суштества, таа се карактеризира токму со отсуство на исклучивост. Во братската љубов се остварува доживувањето на единство со сите луѓе, доживувањето на човечката солидарност, на човечкото разбирање. Нареден тип на љубов е мајчинската љубов, но кога веќе зборуваме за неа мораме да ја споменеме значајната разлика помеѓу мајчинската и татковската љубов која ја истакнува Фром. Според него, односот кон таткото е сосема поинаков. Мајката е домот од каде што доаѓаме, таа е природа, земја, океан. Таткото не претставува таков природен дом, тој има слаба врска со детето во првите години од неговиот живот. Татковото значење во тој ран период не може да се спореди со значењето на мајката, но иако таткото не претставува свет на природата, тој го претставува другиот пол на човековата егзистенција, светот на мислата, вредностите создадени од човекот, законот и редот, дисциплината, патувањата и потфатите. Но сега да се вратиме повторно на вториот тип на љубов според поделбата на Fromm, мајчинската љубов. Афирмацијата на детскиот живот има два аспекта: едниот е грижата и одговорноста, кои се безусловно потребни за одржувањето на детскиот живот и за неговото растење. Другиот аспект оди подалеку од простото одржување. Тој го претставува односот што на детето му влева љубов кон животот, му го дава чувството да вреди да се живее, добро е да бидеш момче или девојче, добро е да бидеш на оваа земја! Следниот тип љубов е еротската љубов, која најпрвин се меша со експлозивното доживување на ,,вљубувањето”, со ненадејното исчезнување на пречките што до тој миг постоеле меѓу двајцата туѓинци, но тоа доживување на ненадејна интимност по својата природа е краткотрајно. Еротската љубов, ако е навистина љубов, претпоставува една работа, да љубам од суштината на своето битие и да ја доживувам другата личност во суштината на неговото или нејзиното битие. Во суштина, сите човечки суштества се слични. Сите ние сме дел од Едниот, ние сме Едно. А штом е така, не би требало да е важно кого сакаме. Љубовта треба да биде суштински чин на вољата, на одлуката својот живот целосно да и го посветам на другата личност.Четвртиот тип љубов е љубовта кон себе, па така додека примената на љубовта на различни објекти не предизвикува никаков приговор, многу е распострането убедувањето дека е доблест да сакаш друг, а дека е порок да се сакаш себеси. Се претпоставува дека, во онаа мера во која се сакаме себеси, не ги сакаме другите, дека љубовта кон себе е исто како и себичноста . Таквиот став досега далеку во минатото на западната мисла. Калвин за љубовта кон себе зборува како за ,,чума”. Фројд пак зборува за љубовта кон себе со психијатриски термини, но и неговата вредносна оцена е иста како и на Калвин . Според него, љубовта кон себе е идентична со нарцизмот, со свртување на либидото кон себеси. Последниот тип љубов според Фром, e љубовта кон бога. Религиската форма на љубов, она што се вика љубов кон бога, психолошки зборувајќи не е поинаква. Таа изникнува од потребата да се надмине одвоеноста и да се постигне соединување. Всушност љубовта кон бога има исто толку различни особини и видови колку и љубовта кон човекот, а во голема мера ги наоѓаме и истите разлики.

angelovska elena
angelovska elena

Female Број на мислења : 15
Местолокација : Skopje,R.Macedonia
Registration date : 2011-04-04

http://www.umarmen,mk

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот