Здравје - Убавина - Сјај - Дом
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Родителска едукација

Go down

Родителска едукација Empty Родителска едукација

Пишување by angelovska elena Сре Дек 28, 2011 9:12 am



Постојат евидентирани докази дека на родителите,одреден вид на обука
може да им помогне да го подобрат начинот на воспитување за оптимален развој на нивното дете,при што постојат различни видови на едукација,како на пример модели наменети за родители кои само сакаат дополнителни информации за да може да се осигураат дека навистина го прават најдоброто што можат,но и посебни програми кои ги едуцираат родителите како треба да постапат во низа ситуации поврзани со нивниот однос кон детето и обратно.Учењето или стекнувањето на добрите родителски вештини и не се толку сложени ако само се обрне доволно внимание на она што детето го сака,она што му треба,при што доволно е само да се слуша детето и неговите потреби и автоматски би дошол и соодветниот правилен родителски одговор.Во однос на програмите на едукација се разработуваат неколку прашања како да се стане подобар родител ,а со самото тоа и подобро да се влијае на развојот на детето,при што се препорачува активно слушање на детето,постојана комуникација со него,но таа комуникација да биде на рамниште на неговата возраст за да може да ги разбере родителите што тие му кажуваат и што од него конкретно се бара.Доследноста на сопственото однесување и тоа како му дава пример на детето да тоа самото се однесува онака како што му е кажано, без отстапки кога на него така би му одговарало,постојана мотивација на детето и негова стимулација,постојани пофалби кога ќе направи нешто добро,но не и казнување кога нешто нема да направи како што треба,каде наместо казна се препорачува игнорирање или занемарување, секако во случај кога станува збор за некоја активност која не успеало да ја совлада,а не и кога станува збор за некое непримерно однесување.Кога детето пројавува некое несоодветно однесување казната како дисциплинска мерка во права смисла на зборот воопшто не се препорачува,но се препорачуваат алтернативни,поблаги форми на казнување кои воедно би биле и поефективни како на пример отстранување на детето во друга соба,забрана за гледање телевизија,односно скратување на активностите кои му причинуваат задоволство, но со огромна важност секојпат да му биде кажано зошто е казнето,која е причината која довела до тоа да детето биде казнато и зошто тоа негово непримерно поведение довело до дадената казна,при што и додека трае казната родителите треба да го задржат топлиот однос и да не пројавуваат негативни емоции кон детето, без разлика што тоа е казнето.Константоста на казнување на едно исто непримерно поведение е исто така важна ,во спротивно детето би се научило дека можеби некогаш и кога ќе пројави некое несоодветно однесување, сепак нема да биде казнето.Како дел од родителската едукација се наведува и тоа да тие ги совладаат вештините со кои ќе влијаат врз однесувањето на детето ,односно да го стимулираат и подржуваат кон разни креативни активности,кон континуирано доаѓање до нови сознанија односно генерално да стимулираат едно позитивно поведение кај детето кое би довело до еден оптимален развој кај детето во понатамошно целосно развиена личност од емоционален,морален и социјален аспект.

angelovska elena
angelovska elena

Female Број на мислења : 15
Местолокација : Skopje,R.Macedonia
Registration date : 2011-04-04

http://www.umarmen,mk

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот